Полициски службеници од СВР Штип вчера привеле 25-годишниот Б.С., жител на селото Долни Балван, откако бил затекнат како пали сува трева покрај магистрален пат Штип – Кочани, во атарот на селото.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера околу 12:30 часот, полициски екипи го лишиле од слобода Б.С. (25) од Штип.
Лицето било затекнато околу 12:00 часот додека пали сува трева помеѓу патот и нива сопственост на С.З. (36) од Штип. При инцидентот изгорела сува трева и една бала детелина, сопственост на С.З., покрај магистрален пат Штип – Кочани.
Од МВР информираат дека јавниот обвинител е известен за случајот и дека по целосно документирање, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Веста ја пренесува Телевизија 24.
