Осум лица ги загубија животите во серија трагични сообраќајни несреќи што се случија на автопатот М1 во западниот дел на Унгарија.
Според информациите од унгарската полиција, седум патници загинале кога минибус со девет лица удрил во камион кој бил запрен на коловозот поради претходна несреќа. Во судирот биле повредени уште две лица.
Претходно, во истиот регион, едно лице загинало во друга сообраќајка, со што бројот на жртви се искачи на осум.
Несреќите се случиле во близина на градот Ѓер, на околу 120 километри западно од Будимпешта. Според надлежните служби, првиот инцидент се случил кога товарно возило удрило во градежна механизација на 115-тиот километар од автопатот, во правец кон Хеѓешалом.
По силниот удар се запалила кабината на камионот, а огнот се проширил и на товарот. Екипи на противпожарната служба од Ѓер брзо интервенирале и успеале да го локализираат пожарот пред да се прошири дополнително.
Унгарскиот премиер Петер Маѓар преку објава на социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на настраданите и потврди дека жртвите биле странски државјани.
Властите соопштија дека сите загинати се возрасни мажи. Минибусот кој учествувал во фаталниот судир бил со молдавски регистарски таблички, а истото важи и за камионот вклучен во првата несреќа.
Истрагата за причините и околностите под кои се случиле двете несреќи е во тек.
Веста и фотографиите ги пренесува Kajgana.com





