Македонскиот спорт денес ја изгуби една од своите најомилени и најпознати фигури. На 80-годишна возраст, почина Светислав Димовски, познат под прекарот Срцка, човек кој со децении беше присутен на речиси секој значаен спортски настан во Скопје.
Без разлика дали стануваше збор за кошарка, ракомет или бокс, Димовски секогаш беше таму — понекогаш како редар, понекогаш како бришач на паркетот — но секогаш со огромна љубов кон спортот. Со својот труд и посветеност, тој остави зад себе повеќе од 10.000 одиграни натпревари и незаборавни спомени за генерации спортисти.
Погребот на Светислав Димовски ќе се одржи утре во 12 часот на гробиштата во Бутел.
Веста ја пренесува Слободен печат.

