Скопјани изразуваат загриженост поради се почестата појава на бубашваби, лебарки и стаорци во различни делови на градот – од станбени згради и гаражи до јавни површини. Граѓаните бараат поинтензивни мерки за дератизација и дезинсекција, додека од Град Скопје тврдат дека редовните активности веќе се реализирани и дека до сега нема примени официјални поплаки. Надлежните истакнуваат дека комуналните служби секојдневно се грижат за одржување на хигиената, косење на зелените површини и чистење на јавните простори.
Веста ја пренесува Alfatelevizijamk.
Видеото може да го погледнете тука!
