Фото: Принтскрин
Евроамбасадорот Михалис Рокас зборуваше за нон-пејперот, предложен од германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, но посочи дека Македонија мора да направи уставни измени за да ги почне преговорите за Европската унија (ЕУ).
„Тоа е документ кој ги опишува сите чекори кои треба да се реализираат за да почнат преговорите. Сепак, за реализација на тие чекори треба да се одржат преговори. Иако не сум експерт за толкување на такви документи, сепак мислам дека прво мора да се направат уставните измени за да може да почнат преговорите“, кажа Рокас.
Рокас посочи дека Македонија ќе го забрза процесот за интеграција штом почне да ги испорачува реформите во повеќе сегменти, како борба против корупцијата, но и исполнување на обврските преземени од 2022 година.
