Фото: Станојковски Марио
Општина Кратово објави соопштение во кое вели дека здружението „Извор“ од Кратово, неговиот пратеседател М. Д. и неговата ќерка С. Д. Б. незаконски наплаќаат влезници за локалитетот „Куклица“.
„Во врска со официјалното соопштение од 24.06.2025 година на Општина Кратово https://www.facebook.com/share/1DcSThhBoh/?mibextid=wwXIfr, а во насока на целосно транспарентно и објективно информирање на јавноста, уште еднаш ја известуваме јавноста дека Општина Кратово и Градоначалникот се спречени да постапуваат согласно член 7 од Законот за прогласување на локалитетот „Куклица“ за споменик на природата (“Службен весник на РМ бр. 103/08”), односно да се грижат, чуваат, одржуваат и навремено да ги преземаат пропишаните техничко-заштитни и други мерки.
Причината за ова е фактот што подолг временски период локалитетот е бесправно и неосновано узурпиран и држан во владение од страна на Здружение „Извор“ – Кратово, одговорното лице Милош Димитровски, како и неговата ќерка Стојна Димитровска Боотх. Наведените лица вршат неосновано и бесправно управување со просторот, присвојување на права кои не им припаѓаат, како и противправно збогатување преку неовластена наплата на влезници од посетители и туристи.
Дополнително, истите лица вршат сериозно загрозување на сигурноста и безбедноста на посетителите преку заплашување, лажно претставување, насилничко однесување и заплашување со кучиња“, велат од Општина Кратово.

