Фото: Принтскрин
Познатиот пејач Аца Лукас бил примен во Ургентен центар поради здравствени проблеми, пишуваат српските медиуми.
На пејачот му биле извршени сите анализи по кои добил терапија и бил испратен на домашно лекување.
На пејачот му биле откриени ЕКГ промени, односно Лукас има проблеми со висок притисок.
„Како што сите граѓани доаѓаат да се лекуваат и чекаат ред, така направи и Аца Лукас. Можевме да забележиме дека му е многу лошо, но и покрај тоа беше љубезен и се поздрави со сите“, открива извор за српските медиуми.
