Косовски инфлуенсер објави видео на социјалните мрежи во кое тврди дека успеал да избегне голема сообраќајна казна во Македонија, плаќајќи само 50 евра на полицајци.
На снимката, која се појави вчера и предизвика лавина реакции на интернет, може да се слушне разговор меѓу инфлуенсерот и неговата сопруга додека биле запрени од патната полиција. Тој тврди дека му се заканувала казна од 500 евра поради сообраќаен прекршок, но дека наместо тоа, на полицајците им дал 50 евра.
„Подобро 50 евра отколку 500 казна“, вели тој, додека неговата сопруга со неверување прашува: „Каде видeте таква казна?“
Во продолжение на видеото, инфлуенсерот објаснува како разговарал со полицајците и ги молел да не му изрекуваат толку голема глоба. Според неговите зборови, еден од полицајците му рекол дека вози убав автомобил, на што тој одговорил дека автомобилот е изнајмен од рент-а-кар, а не негов.
Снимката, која брзо се прошири на социјалните мрежи, покажува и возило на македонската полиција, што дополнително ја поттикна реакцијата на јавноста.
Веста ја пренесува Infomax.mk
