Фото: Принтскрин
Почина поранешната пратеничка во Собранието на Македонија и долгогодишен член на ОО на СДСМ – Струга, Цветле Јанеска.
„Со голема тага и искрено жалење ја примивме веста за смртта на Цветле Јанеска, долгогодишен член на ОО на СДСМ – Струга и пратеничка во Собранието на Република Македонија од 2002 до 2006 година.
Струга и Македонија загубија личност која со својата посветеност, мудрост и несебичен ангажман остави траен белег во општествениот развој. Ќе ја паметиме по нејзината добрина, смиреност, човечност и благороден дух со што остави неизбришлива трага.
Нејзиниот лик и дело ќе останат трајно врежани во нашите сеќавања. Изразуваме искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите. Нека почива во мир.
Посмртните останки ќе бидат изложени во с. Мороишта од 10:00 до 12:00 часот. Слава ѝ и вечен спомен“, објавија од СДСМ.

