Фото: Принтскрин
Гого Славески продолжува да реди успеси на светската сцена во боксот без ракавици. Македонскиот борец уште еднаш го потврди својот квалитет и искуство, откако забележа нова победа во рамките на БКФЦ организацијата, совладувајќи го канадскиот борец Џони Тељо.
Во борба која понуди многу возбудувања и жестоки размени, Славески беше доминантната фигура во рингот. Во текот на петте рунди тој неколкупати успеа да го собори својот противник, кој и покрај тешките моменти успеа да остане на нозе до последниот гонг.
Македонецот ја контролираше борбата од почеток до крај, па судиите немаа дилеми при носењето на одлуката. По завршувањето на мечот, сите тројца судии му ја доделија победата на Славески со едногласна одлука.
