Фото: CrediYES Macedonia
Министерството за финансии му ја одзема дозволата за работа на финансиското друштво „Креди Јес“, но должниците ќе мора да ги вратат парите за да не им се пресметуваат камати, пишуваат дел од македонските медиуми.
Министерството за финансии информира дека задолжените граѓани не можат да сметаат на отпишување на долгот.
„Нагласуваме дека граѓаните имаат право да го оспорат договорот за кредит пред надлежен суд доколку сметаат дека се оштетени од страна на друштвото, односно доколку сметаат дека друштвото прекршува некоја од договорените одредби“, велат од министерството.
