Во подрумските простории на зградите во рамки на Трговскиот центар „Скопјанка“ во скопската населба Аеродром се случила сериозна хаварија при која се излеале фекалии. Објектите се деловен деловен простор во сопственост на Акционерското друштво за изградба и управување со станбен и деловен простор.
Дел од просториите се издадени под закуп на приватни компании, додека останатиот дел се уште е празен. Токму во тие неискористени делови се наоѓа препумпна станица која моментално не функционира, поради што дошло до излевање на фекалните води низ подрумите.
Веста ја пренесува Sdkmk.
