Во раните утрински часови во центарот на Белград се случило тешко убиство кое ја вознемири јавноста. Според првичните информации, 26-годишен маж е осомничен дека со секира усмртил 92-годишен старец во близина на старата зграда на БИП. Се појавија први снимки од местото на настанот.
Полициските екипи веднаш пристигнале на местото на настанот, каде што осомничениот бил затекнат и приведен. Според неофицијални информации, тој на полицајците им признал дека го извршил делото.
На локацијата и понатаму има засилено полициско присуство, додека истражните органи спроведуваат увид за да ги утврдат сите околности поврзани со случајот.
По завршувањето на истрагата се очекуваат повеќе информации за мотивите и причините што довеле до ова тешко кривично дело. Осомничениот е задржан во полициска станица и против него ќе биде поведена соодветна постапка.
Според надлежните служби, истрагата продолжува, а јавноста ќе биде дополнително информирана за новите детали од случајот.
Веста ја пренесува Informer.rs
Видеото може да го погледнете тука!



