Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, преку објава на социјалните мрежи упати сериозни забелешки за актуелната состојба во општината, тврдејќи дека Карпош е оставен без соодветна грижа и одржување.
Според него, на бројни локации низ општината се забележуваат обраснати зелени површини, оштетена урбана опрема и исушени дрвја, што, како што наведува, остава впечаток на целосна запуштеност.
„Карпош никогаш не изгледал позапоставено отколку сега“, истакна Јакимовски во својата објава.
Тој со доза на иронија посочи дека во управувањето со општината се вклучени повеќе функционери и институции, но дека граѓаните не ги гледаат резултатите од нивната работа на терен.
Јакимовски нагласи дека наместо уредени паркови, чисти јавни простори и редовно одржување, жителите секојдневно се соочуваат со запуштени површини и недостаток на грижа за општинската инфраструктура.
Во својата порака тој потенцираше дека граѓаните не очекуваат невозможни работи, туку основен ред, чистота и одговорно управување, оценувајќи дека токму овие вредности во моментов недостигаат во Карпош.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
