Со голема тага, средното училиште „Цветан Димов“ во Скопје ја прими веста за ненадејната смрт на ученичката Ениса Весели.
Раководството на училиштето, наставниците, учениците и целиот персонал во заедничка порака изразија длабоко сочувство до семејството и блиските на Ениса. Тие ја опишаа како личност полна со љубезност, со примерен однос кон другите и со насмевка која оставаше трага кај сите околу неа.
„Ениса ќе остане засекогаш во нашите срца и сеќавања. Нејзиниот лик и добро срце ќе ги паметиме засекогаш“, стои во пораката на училиштето.
Во овие тешки моменти, училиштето го испраќа своето најдлабоко сочувство до семејството Весели, како и до пријателите и роднините на ученичката.
Веста ја пренесува Newz24live.com
