Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВИДЕО) Богоев спроведен со лисици во суд: Истрага за тендери, поткуп и незаконито влијание!

Gladiator 03/06/2026

Поранешниот директор на Царинската управа и ексградоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, денеска беше донесен во Основниот кривичен суд во Скопје со полициска придружба и лисици на рацете. Судот треба да одлучи дали ќе му бидат изречени мерки за обезбедување на неговото присуство во понатамошната постапка.

Случајот произлегува од кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Освен Богоев, опфатени се и помошник-директор од Царинската управа, две лица од приватниот сектор и една компанија.

Според наодите на истрагата, во периодот од јули 2023 до март 2024 година, во тендер за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали биле поставени услови што ја ограничувале конкуренцијата. На тој начин, како што се сомневаат надлежните органи, била фаворизирана одредена фирма за добивање на договорот.

Финансиската полиција проценува дека со ваквото постапување на компанијата ѝ била овозможена незаконска имотна корист во вредност од над 18,4 милиони денари.

Покрај спорниот тендер, предметот опфаќа и сомнежи за коруптивни дејствија, односно поткуп и посредување при вршење незаконско влијание врз службени лица. Истражителите тврдат дека едно од осомничените лица ги користело своите врски и влијание за обезбедување одредени службени одлуки и постапки кои не смееле да бидат спроведени, при што биле нудени и ветувани различни користи и подароци.

Во пријавата дополнително се наведува дека Богоев во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, наводно побарал и примил подароци и други бенефиции, дел лично, а дел преку посредник.

Против осомничените се води постапка за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба при јавни набавки, примање и давање поткуп, како и примање награда за незаконито постапување.

Натамошниот тек на истрагата е во надлежност на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое ќе одлучува за следните процесни активности.

Веста ја пренесува Skopje1.mk

Видеото може да го погледнете тука!

Tags: Богоев истрага лисици суд

Continue Reading

Previous: Шокантно убиство во центарот на Белград: 26-годишник усмрти 92-годишник со секира!
Next: (ВИДЕО) Поранешниот градоначалник на општина Карпош Јакимовски со остра реакција: Карпош тоне во негрижа и запуштеност!

Најново

  • (ВИДЕО) „Не можеме да спиеме“: Жители на Ново Лисиче се жалат на прегласна музика од улицата „Тоше Проески“
  • Путин испрати јасна порака: Средба со Зеленски во моментов е бесмислена
  • Радев: Сакаме да им помогнеме на нашите браќа во Македонија, треба само да ги вметнат Бугарите во Уставот
  • (ВИДЕО) ТРАМП ПОВТОРНО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО: Кратка дремка среде состанок во Белата куќа!
  • (ВИДЕО) Македон освои златен медал на натпревар во конкуренција од 56.913 учесници

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) „Не можеме да спиеме“: Жители на Ново Лисиче се жалат на прегласна музика од улицата „Тоше Проески“

(ВИДЕО) „Не можеме да спиеме“: Жители на Ново Лисиче се жалат на прегласна музика од улицата „Тоше Проески“

06/06/2026
Путин испрати јасна порака: Средба со Зеленски во моментов е бесмислена

Путин испрати јасна порака: Средба со Зеленски во моментов е бесмислена

05/06/2026
Радев: Сакаме да им помогнеме на нашите браќа во Македонија, треба само да ги вметнат Бугарите во Уставот

Радев: Сакаме да им помогнеме на нашите браќа во Македонија, треба само да ги вметнат Бугарите во Уставот

05/06/2026
(ВИДЕО) ТРАМП ПОВТОРНО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО: Кратка дремка среде состанок во Белата куќа!

(ВИДЕО) ТРАМП ПОВТОРНО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО: Кратка дремка среде состанок во Белата куќа!

05/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) „Не можеме да спиеме“: Жители на Ново Лисиче се жалат на прегласна музика од улицата „Тоше Проески“
  • Путин испрати јасна порака: Средба со Зеленски во моментов е бесмислена
  • Радев: Сакаме да им помогнеме на нашите браќа во Македонија, треба само да ги вметнат Бугарите во Уставот
  • (ВИДЕО) ТРАМП ПОВТОРНО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО: Кратка дремка среде состанок во Белата куќа!
  • (ВИДЕО) Македон освои златен медал на натпревар во конкуренција од 56.913 учесници

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.