Фото: Slatkaristika
Македонскиот рапер Слаткаристика преку неговиот профил на Фејсбук објави дека се откажал од државните пари кои беа наменети за реализација на документарниот филм.
По доделувањето на средствата од Агенцијата за филм следеа бурни реакции од јавноста, по што Слаткаристика реши да ја објасни ситуацијата и да ја раскаже неговата страна.
„Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.
Сакам една работа да биде јасна… ниту барав, ниту мене ми се доделени пари.
Поддршка доби документарен филм и еден многу посветен тим кој веќе две години работи на приказна што преку мојот живот зборува за многу повеќе од мене.
И искрено сум благодарен на Комисијата од @filmagency.northmacedonia која ја препозна важноста на оваа тема. Но, не сакам проектот кој зборува за разбирање, прифаќање и поддршка да започне со поделби.
Затоа одлучивме филмот да се реализира без средствата доделени од Агенцијата за филм.
Продолжуваме понатаму… Заедно со сите наши поддржувачи, соработници и пријатели на кои сум им неизмерно благодарен.
И со најважната поддршка од вас луѓето кои ме сакаат, почитуваат и ценат ![]()
Светот ќе го чуе гласот на најтивките ![]()
Се гледаме на премиера“, објави Слаткаристика.
