Фото: Принтскрин
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта беше во посета на Македонија и кажа дека единствен начин за формално почнување на преговорите на Македонија со Европската унија (ЕУ) остануваат уставните измени.
Кошта кажа дека Македонија има напредок во спроведување на реформската агенда, но притоа ги спомена уставните измени.
„Сакам да го истакнам напредокот во спроведување на реформската агенда. Сепак, усвојување на договорените уставни измени е единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори“, кажа Кошта.
