Фото: Принтскрин
Од полноќ стапуваат на сила новите цени на горивата, согласно најновата одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горивата за транспорт.
Бензините ќе поскапат за 0,50 денари по литар. Со тоа, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 90 денари за литар.
Од друга страна, значително намалување има кај дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,50 денари по литар и ќе изнесува 85,50 денари за литар.
Иста корекција има и кај екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија нова цена ќе биде 87,50 денари за литар.
Со оваа одлука, по подолг период дизелот повторно ќе биде поевтин од бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, што претставува значајна промена за возачите и транспортниот сектор.
