Протестот на наставници пред Министерството за образование во Валенсија прерасна во напната ситуација откако интервенираше Националната полиција.
Според шпанските медиуми, на собирот дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата, а снимките од местото на настанот покажуваат момент кога жена паѓа на земја за време на полициската акција.
Овој настан предизвика бурни реакции во јавноста и критики кон полицијата поради наводната употреба на прекумерна сила врз професорка која учествувала на протестот.
Надлежните институции засега не објавиле дополнителни детали, додека на социјалните мрежи се води жива дебата за постапките на полициските службеници.
Веста ја пренесува Uticaj.tv
