Фото: Принтскрин
Владата на денешната седница ја продолжи мерката со намалување на акцизите до 15 јуни, а исто така обезбеден е дополнителен попуст од два денари по литар со компанијата „ОКТА“.
„Со овие мерки и согласно пресметките, цените на дизелот се очекува да се намалат за 6,5 денари по литар, додека на бензините за 1,5 денари по литар“, велат од Владата.
Официјалната одлука за цените на горивата се очекува утре од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
