Фото: Принтскрин
Охрид испиша нова страница во македонскиот ракомет и го освои Европскиот куп на ЕХФ, откако славеше и во реваншот против унгарска Татабања со 31-25 пред своите навивачи.
Македонскиот суперлигаш одигра одличен натпревар и во текот на сите 60 минути ја контролираше играта, не дозволувајќи им на гостите да ја загрозат предноста. Поддржан од преполните трибини, Охрид уште еднаш покажа квалитет и заслужено стигна до европскиот трофеј.
Најефикасен во победничкиот состав беше Косуке Јасухира, кој постигна девет погодоци, додека голманот Кристијан Пилиповиќ блесна меѓу стативите со 13 успешни интервенции и беше еден од најзаслужните за триумфот.
Со овој успех, Охрид се приклучува на листата на македонски клубови кои успеале да стигнат до европски трофеј, продолжувајќи ја успешната низа на македонскиот ракомет на меѓународната сцена. Минатата сезона трофејот во Европскиот куп го освои и македонскиот претставник РК Алкалоид
