Фото: Принтскрин
Македонскиот атлетичар и член на АК Работнички, Андреас Трајковски повторно ја израдува Македонија откако освои злато во натпреварувањето скок во далечина на Европското првенство во атлетика за мали земји.
Андреас го имаше првиот скок од 7,43 метри, по што во втората серија го подобри резултатот и стигна до 7,62 метри.
Македонецот зад него ги остави Мухамед Кнџели од Албанија со 7,46 метри и Андреас Мачалекидес од Кипар со 7,33 метри.
