Фото: Принтскрин
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека се очекува големо намалување на цената на дизел горивото, односно истото ќе се продава за 6,5 денари поевтино.
„Во текот на денот ќе имаме онлајн владина седница. Според наши пресметки, како се движеа цените, очекуваме цената на бензините да остане иста или да има мало зголемување од половина денар, додека дизелот да поевтини за околу 6,5 денари“, кажа Мицкоски.
Новите цени на горивата треба да бидат објавени в понеделник и да важат од полноќ.
