Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Груевски и понатаму заработува во Унгарија: Еве колку приходи носи неговата фирма!

Gladiator 30/05/2026

Осудениот поранешен премиер Никола Груевски, кој веќе осум години живее во Унгарија, и понатаму остварува приходи преку својата приватна консултантска компанија, покажуваат официјалните финансиски извештаи објавени од унгарскиот портал „444“.

Фирмата „I.C.I.C Kft“, основана во 2021 година и специјализирана за деловно советување, функционира без вработени, но сепак редовно остварува добивка. Според објавените податоци, во 2025 година приходите на компанијата изнесувале околу 9.600 евра, додека во 2024 година изнесувале околу 11.600 евра. Со оглед на ниските трошоци, поголемиот дел од приходите се претвориле во профит – околу 5.650 евра во 2025 година.

Од основањето на компанијата до денес, Груевски преку дивиденди повлекол околу 45.800 евра. Последната добивка, за разлика од претходната година кога подигнал 2 милиони форинти, останала во фирмата како акумулирана добивка. Вкупната исплатена дивиденда од 2021 година изнесува околу 16,2 милиони форинти, односно приближно 45.760 евра.

Годишниот извештај открива и зголемување на средствата на банкарската сметка на фирмата – од 8 на 9 милиони форинти, како и раст на обврските од 2,5 на 3,3 милиони форинти до крајот на 2025 година.

Медиумот истакнува дека Груевски продолжува да повлекува дивиденди, додека дел од заработката останува како акумулирана добивка во компанијата. Сепак, не е познато кои се клиентите и со кои субјекти соработува фирмата.

Во објавените анализи се потсетува и на блиските односи на Груевски со поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан и поранешниот министер за надворешни работи Петер Сијарто, при што се наведува дека поранешниот македонски премиер бил консултиран за политичките состојби на Западен Балкан.

Од Министерството за правда на Северна Македонија истакнаа дека правниот статус на Груевски останува непроменет и дека надлежните институции постапуваат согласно домашното и меѓународното право.

Веста ја пренесува Expres.mk

Tags: Груевски приходи Унгарија фирма

Continue Reading

Previous: Путин тврди: Крајот на војната во Украина се приближува!
Next: (ВИДЕО) Млад моторџија загина по директен судир со автомобил во Скопје

Најново

  • Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев
  • Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!
  • (ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“
  • (ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз
  • Премиерот на Словенија постави услов за напредокот на Србија кон ЕУ

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев

Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев

26/10/2026
Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!

Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!

26/10/2026
(ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“

(ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“

26/10/2026
(ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз

(ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз

26/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев
  • Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!
  • (ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“
  • (ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз
  • Премиерот на Словенија постави услов за напредокот на Србија кон ЕУ

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.