Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Груевски доби унгарско државјанство: Засилена заштита за поранешниот премиер!

Gladiator 29/05/2026

Никола Груевски, поранешниот премиер на Северна Македонија кој од 2018 година живее во Унгарија, во 2022 година добил полно унгарско државјанство врз основа на „унгарски државен интерес“, известува истражувачкиот портал ВиСквер (VSquare), повикувајќи се на информации од унгарски владини извори.

Според порталот, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, а неговиот правен статус е значително посигурен во споредба со другите политички азиланти кои добиле заштита од владата на Виктор Орбан.

„Унгарски владин извор потврди дека Никола Груевски во 2022 година добил унгарско државјанство поради ‘унгарски државен интерес’. Друг извор наведува дека тој и понатаму престојува во Унгарија“, објавува ВиСквер.

Порталот потенцира дека добивањето државјанство нуди многу посилна правна заштита отколку политичкиот азил, бидејќи азилот може да биде повлечен, додека одземањето на државјанството е сложен процес.

Според експертската анализа на ВиСквер, за да му се одземе државјанството на Груевски, би требало да се докаже дека тоа било стекнато со измама или коруптивни дејствија.

Груевски ја напушти Македонија во ноември 2018 година, непосредно пред да ја започне двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, кој се однесува на набавката на луксузен блиндиран „мерцедес“. Тој патуваше преку Албанија, Црна Гора и Србија пред да стигне во Унгарија, каде што доби политички азил.

Во објавата се нагласува и дека унгарската влада не одговорила на барањето за коментар во врска со државјанството на поранешниот македонски премиер.

Веста ја пренесува Skopje1.mk

Tags: Груевски државјанство премиер Унгарија

Continue Reading

Previous: ХОРОР ВО ТЕТОВО: Мајка молчела за злоставување на 15-годишната ќерка, бабата го пријавила случајот!
Next: Трагедија на патот Куманово–Скопје: Загина 13-годишно дете од Черкези!

Најново

  • Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев
  • Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!
  • (ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“
  • (ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз
  • Премиерот на Словенија постави услов за напредокот на Србија кон ЕУ

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев

Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев

26/10/2026
Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!

Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!

26/10/2026
(ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“

(ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“

26/10/2026
(ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз

(ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз

26/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Паника во Украина по идејата на САД за Орбан – следеше „низок удар“ од Киев
  • Дамјан го очекува нова борба: Потребна е нашата помош!
  • (ВИДЕО) „Молчи ЕУ, молчат сите“: Вучиќ испрати порака по упадот во „Информер“
  • (ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз
  • Премиерот на Словенија постави услов за напредокот на Србија кон ЕУ

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.