Фото: Принтскрин
„Охрид Мол“ сподели видео на кое може да се забележи како еден моторџија вози опасно низ паркингот.
Системот за видео-надзор снимил лице како вози на едно тркало и ја загрозува безбедноста.
„Во изминатиот период, во неколку наврати е забележано несовесно и опасно управување со мотори во рамки на паркинг просторот на Ohrid Mall. Ова вклучува возење со прекумерна брзина, возење на едно тркало, како и изведување ризични маневри и паркирање на несоодветни места, со што директно се загрозува безбедноста на посетителите, закупците и вработените во Ohrid Mall“, се вели во нивното соопштение.
