Фото: Принтскрин
Во време кога свадбените прослави стануваат сè покреативни, во еден познат македонски ресторан гостите беа сведоци на вистинско шоу кое го украде вниманието на сите присутни.
Додека младенците го очекуваа внесувањето на свадбената торта, еден од келнерите приреди несекојдневен настап исполнет со енергија, игра и позитивна атмосфера. Со харизма и ентузијазам, тој не само што ја донесе тортата, туку создаде момент за паметење кој предизвика аплаузи и воодушевување кај гостите.
Ваквите луѓе покажуваат дека љубовта кон работата, позитивниот дух и желбата да се создаде посебно доживување можат обична свадбена сцена да ја претворат во вистински спектакл. Браво за ваквата енергија – токму вакви позитивни луѓе се потребни повеќе.
📹 Видеото е снимено од @stefan_spirkovski и веќе привлекува внимание на социјалните мрежи.
Погледнете го ТУКА.
