Фото: Meri Jordanovska
По труењето на голем број кучиња во Кисела Вода во изминатиот период, новинарката Мери Јордановска објави дека деца пронашле расфрлан отров во Расадник, Кисела Вода.
„Повторно е расфрлан отров во Расадник, Кисела Вода! Го најдоа деца, откако алармиравме да се внимава на секоја храна со расфрлана прашкаста материја. Расфрлан е спроти кошот, односно спроти ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ, на паркингот на Христо Татарчев 47К“, се вели во објавата.

