Фото: Принтскрин
Откако во претходните денови во јавност се појави прашањето како е можно Кристијан Алексиќ да е на слобода, иако брутално убил млада девојка и бил осуден за уште две казниви дела, а потоа повторно обвинет за поседување оружје, хрватски „Индекс“ потсети на уште едно злосторство.
Станува збор за случајот на Давид Комшиќ, кој во 2017 година ја уби бремената девојка Кристина, откако ја избоде 88 пати со нож. Неколку месеци пред убиството Комшиќ ја нападнал, по што таа го пријавила во полиција, но пресудата пристигнала две години по нејзината смрт.
За двата случаи на Комшиќ беа досудени помали казни од тоа што бараше Обвинителството, а по жалбата казните му беа намалени за пет години, од 30 на 25 години, пишува хрватски „Индекс“.
„Судот како олеснителна околност оценил дека е млада личност, па поради тоа му ја намалува казната“, пишува медиумот.
Сите детали за случајот може да ги прочитате ТУКА, а хрватски „Индекс“ наведува „Еве како судат хрватските судови“, при што сака да посочи дека на убијци им се намалувале казните и посочува на пропусти при судењето.
Коментарите под нивната објава, исто така, се од разочарани граѓани на европската земја, при што еден пишува „Кој ќе остане последен во Хрватска не мора да го гаси светлото зашто претходно секако ќе му ја исклучат струјата“.
