Фото: Принтскрин
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека поддржува протести, но смета дека на собирот во Скопје биле прекршени повеќе закони и Уставот на земјата.
„Демократско право е да се поддржат протести, нема дилема. Мене ми пречи тоа што протестантите кои што се правници го прекршуваат законот за знамиња, законот за државна химна, Уставот. Навредите нема да ги коментирам затоа што тоа е домашно воспитување што во првите седум години од животот се стекнува“, кажа премиерот.
Мицкоски кажа дека не сака да ги коментира ниту надворешните мешања во внатрешните работи на Македонија на одредени фактори.
