Фото: eCrowd.mk
Оливера Тодевска е жена која се бори на повеќе фронтови. По тешка операција, таа не се грижи само за себе – туку и за својата мајка, која има сериозни последици од мозочен удар, и за своите две ќерки, од кои едната е малолетна.
ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ, ДОНАЦИЈА МОЖЕ ДА НАПРАВИТЕ НА „ECROWD.MK“ (ТУКА).
Наместо мир и закрепнување, Оливера секојдневно се соочува со нови предизвици. Семејството останало без сопствен дом и моментално живее под кирија, во неизвесност и со ограничени средства за основни потреби.
Едната ќерка се обидува да помогне за опстанокот на семејството, но тоа не е доволно. Ова семејство се бори за достоинствен живот, за сигурен покрив над глава и за основни услови за нормално функционирање, се вели во апелот на „eCrowd.mk“.
