Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Филков по протестот на студентите Албанци: Македонскиот јазик не е пречка туку обврска!

Gladiator 19/05/2026

Фото: Принтскрин

Министерот за правда, Игор Филков по протестите на студентите Албанци испрати реакција преку социјалните мрежи.

Филков порача дека правосудниот испит не е прашање на политика, туку на стручност и професионалност.

„Најостро реагирам на обидот полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација.

Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите законската обврска за познавање на македонскиот јазик да се прикаже како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок.

Македонскиот јазик е службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и темел на институционалниот и правниот систем. 🇲🇰

Недозволиво е чувствителни теми што директно го засегаат правниот систем да се користат за собирање политички поени или за создавање меѓуетнички тензии.

Правосудниот испит се спроведува согласно важечките закони и професионални стандарди, а не според дневно-политички агенди или притисоци од улица. Правото на протест е демократско право, но никој нема право преку насилни протести да бара уривање на критериумите и стандардите во правосудството.

Министерството за правда останува отворено за аргументиран институционален дијалог, но нема да дозволи девалвација на правосудниот систем, ниту поткопување на улогата на македонскиот јазик како столб на државноста и институционалниот поредок. ⚖️

Македонскиот јазик не е пречка — тој е обврска, уставна вредност и гаранција за функционирање на државата“, објави Филков.

Tags: Игор Филков

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) ПАНИКА НА ГРЧКА ПЛАЖА: Ајкула од 2,5 метри се појави на само неколку метри од брегот!
Next: (ВИДЕО) Драма во Сан Диего: Две лица почнаа да пукаат пред џамија

Најново

  • (ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје
  • (ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани
  • Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
  • (ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика
  • (ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи: Мал уред предизвика вистинска паника!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје

(ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје

11/09/2026
(ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани

(ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани

11/09/2026
Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект

Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект

11/09/2026
(ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

(ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје
  • (ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани
  • Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
  • (ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика
  • (ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи: Мал уред предизвика вистинска паника!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.