Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Трагедија на ГАК: Почина предвремено родено бебе, семејството бара одговори!

Gladiator 19/05/2026

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, на 21 април, починало новороденче кое било родено предвреме, во седмиот месец од бременоста. Бебето дошло на свет на 6 април 2026 година.

Семејството за медиумите изјавило дека бебето, иако родено порано, првично било во стабилна состојба и сите органи му функционирале нормално. Според нивните тврдења, во првите денови лекарите ги уверувале дека состојбата е добра, но по петтиот ден настанале компликации и бебето било префрлено во изолација.

„Не добивавме конкретни информации за каква инфекција станува збор. Подоцна ни беше кажано дека има сепса“, велат од семејството, кое бара детално да се утврдат причините за трагичниот исход.

Од ГАК информираат дека станува збор за бебе родено во 28. гестациска недела, со телесна тежина од 930 грама. Според Клиниката, уште при раѓањето биле забележани знаци на инфекција развиена уште во текот на бременоста, што е честа појава кај предвремено родените новороденчиња.

Од таму посочуваат дека била направена хемокултура, а резултатот бил негативен. Поради тоа, според протоколите, немало обврска случајот да биде пријавен до Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Лекарите тврдат дека во текот на лекувањето биле применети сите потребни медицински процедури и терапии за интензивна нега на предвремено родено бебе. Воедно, наведуваат дека кај мајката била евидентирана нелекувана гинеколошка инфекција.

И покрај напорите на медицинскиот тим, на 21 април настапила смрт кај новороденчето. Телото било испратено на обдукција, а официјалните резултати од судска медицина и патохистолошкиот наод се очекуваат во наредните денови.

Од Клиниката изразиле жалење за случајот, истакнувајќи дека понекогаш, и покрај целосниот ангажман на медицинскиот персонал, исходот може да биде фатален.

Семејството, пак, бара подетална истрага за причините поради кои кај предвремено родените бебиња доаѓа до тешки инфекции и сепса, со цел вакви трагедии да се спречат во иднина.

Веста ја пренесува Infomax.mk

Tags: бебе бременост ГАК смрт

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Пороен дожд го поплави Скопје: Клиничкиот центар под вода!
Next: Еве што ќе мора да има секој возач кој патува за Грција: Новото задолжително правило стартува од 2027 година!

Најново

  • (ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз
  • Премиерот на Словенија постави услов за напредокот на Србија кон ЕУ
  • Мицкоски му честитал на Срдановиќ по победата на изборите во Србија
  • (ВИДЕО) Драматични снимки од инцидентот пред „Информер“: Експлозија во близина на камерманот, повреден вработен!
  • Пензионерите од оваа општина добиваат по 5.000 денари: Еве кој има право на финансиска помош!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз

(ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз

26/10/2026
Премиерот на Словенија постави услов за напредокот на Србија кон ЕУ

Премиерот на Словенија постави услов за напредокот на Србија кон ЕУ

26/10/2026
Мицкоски му честитал на Срдановиќ по победата на изборите во Србија

Мицкоски му честитал на Срдановиќ по победата на изборите во Србија

26/10/2026
(ВИДЕО) Драматични снимки од инцидентот пред „Информер“: Експлозија во близина на камерманот, повреден вработен!

(ВИДЕО) Драматични снимки од инцидентот пред „Информер“: Експлозија во близина на камерманот, повреден вработен!

26/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Украина ја нападна Русија – горат згради, а погоден е и патнички воз
  • Премиерот на Словенија постави услов за напредокот на Србија кон ЕУ
  • Мицкоски му честитал на Срдановиќ по победата на изборите во Србија
  • (ВИДЕО) Драматични снимки од инцидентот пред „Информер“: Експлозија во близина на камерманот, повреден вработен!
  • Пензионерите од оваа општина добиваат по 5.000 денари: Еве кој има право на финансиска помош!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.