Фото: Принтскрин
Познатата албанска пејачка од САД, Бебе Реџа даде поддршка за најавениот протест на албанските студенти поврзан со полагањето на правосудниот испит на албански јазик во Република Македонија.
„Нашиот албански јазик е вкоренет во нашиот идентитет. Со генерации се боревме за него за да го одржиме жив. Северна Македонија е мултиетничка држава изградена врз соживот и еднакви права за сите заедници, каде албанскиот е признат како коофицијален јазик“, објави таа.


