Фото: Принтскрин
Руските воени сили во текот на ноќта меѓу 15 и 16 мај извршија масовни напади со дронови на повеќе украински градови.
Во јужна Одеса во голем напад е оштетена инфрастурктура на пристаништето, а погодена е и зграда, при што се повредени повеќе цивили.
Исто така е извршен напад во Харков каде што се онеспособени клучните излези од метрото и дел од јавниот превоз. Дроновите погодиле и станбени згради во Полтава, а засега нема информации за жртви.
