Фото: Принтскрин
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ кажа дека телото на исчезнатиот А.Н. не е пронајдено, а поради кое е уапсен поранешниот началник на белградската полиција Веселин Милиќ.
„Ги прочитав податоците затоа што постојат секојдневни напади. Повеќе медиуми пренесоа дека телото е пронајдено. Таа приказна дека нема тело, нема дело е идиотска. Сакам да кажам дека телото уште не сме го пронашле, полицијата работи на случајот“, кажа Вучиќ.
Во Високот јавно обвинителство во Белград е сослушан Веселин Мициќ поради сомнеж дека како началник на полициската управа за град Белград извршил повеќе кривични дела како и прикривање на извршено кривично дело „тешко убиство во обид во ресторан“.
