На 15.05.2026 година, околу 04:24 часот, во СВР Штип е пријавено дека во Клиничка болница Штип било донесено мртво новороденче. Мајката, Ѓ.У. (35) од село Конче, радовишко, го родила детето во својот дом.
Лекарите ја констатирале смртта на новороденчето, а мајката веднаш била примена и сместена на Одделението за гинекологија во болницата.
Полициските службеници извршиле увид на местото и разговарале со нејзиниот сопруг, К.У. (33) од истото село. Според нивните наоди, породувањето се случило околу 02:00 часот во дворот на семејната куќа.
Јавен обвинител е информиран за настанот, а надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Веста ја пренесува Infomax.mk
