Фото: Орце Ѓорѓиевски/Фејсбук
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави детали за случајот кој вечерва загрижи многумина во главниот град на Македонија.
„Вечерва во една скопска населба беше заловен волк, кој очигледно бил незаконски чуван (со ремче и ланец) како домашно милениче. За случајот веднаш беа известени сите надлежни институции. Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина.
Волкот во моментов се згрижува од страна на службите на Скопската зоолошка градина, а институциите очекувам да ги преземат сите неопходни мерки и целосно да го расчистат случајот! Во Скопје мора да има ред! Мора да изградиме похумано, побезбедно и одговорно општество во кое законите важат за сите, а животните се третираат со грижа, а не како предмет за нечие иживување“, објави градоначалникот.
