Фото: Принтскрин
Штип е во тага откако беше објавена веста дека починала младата медицинска сестра Сибел Омерова. Таа се наоѓаше во тешка здравствена состојба и беше на лекување во Германија, но за жал борбата за нејзиниот живот беше загубена.
„Со длабока тага ја примивме веста за прераното заминување на нашата колешка Сибел, медицинска сестра од Клиничка болница Штип, токму на денот кога се одбележува Меѓународниот ден на медицинските сестри. Нејзината посветеност, хуманост и професионалност ќе останат засекогаш запаметени меѓу колегите и пациентите со кои секојдневно несебично се грижеше. Во овие тешки моменти, изразуваме искрено сочувство до нејзиното семејство, блиските и сите кои ја познаваа. Нека почива во мир“, објави Клиничка Болница Штип.
