Фото: Принтскрин
Грчкиот митрополит Амфилохиј забранил богослужба на бугарски јазик во бугарската црква „Свети Ѓорѓи“ во Одрин, објави „БГНЕС“.
Службата требало да се одржи на 9 мај по повод црковниот празник, но грчкиот митрополит испратил двајца свештеници и објавил дека службата мора да се одржи на грчки ајзик.
„Одлучивме да му забраниме на митрополитот да влегува во црквата сè додека не се дозволат служби на бугарски јазик“, реагира Димитри Јотеф.
