Фото: Принтскрин
Општина Аеродром изрече казна од 20.000 евра за незаконско фрлање на отпад, информира градоначалникот Дејан Митески.
„КАЗНА ОД 20.000 ЕВРА ЗА НЕЗАКОНСКО ФРЛАЊЕ ОТПАД – НЕМА ТОЛЕРАНЦИЈА!
При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад.
За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност“, објави Митески.
Неговата објава може да ја погледнете ТУКА.
Видеото на градоначалникот Митески може да се погледне ТУКА.
