Фото: Принтскрин
Русија ја обвини Ерменија дека на украинскиот претседател Володимир Зеленски му дала „платформа за антируски изјави“, што е нов знак за лошите односи меѓу сојузниците.
Во текот на минатонеделната посета на Ереван, Зеленски кажа дека Русија се плаши од „беспилотните летала кои можат да пролетаат над Црвениот плоштад“.
Парадата, сепак, се одржа според планот, но пораид заканите од напади на украински дронови беше во изменет облик. Москва уште во четвртокот го повика ерменскиот амбасадор на разговор за да даде протесна нота.
„Тоа не е нормално, ниту во рамки на духот на нашите односи со Ереван. Важно ни е Ерменија да не заземе антируски став“, кажа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков..
