Фото: Принтскрин
Грција е на нозе откако во четвртокот, во водите кај Лефкада, во една пештера беше пронајден беспилотен поморски дрон.
Иако се шпекулираше дека станува збор за поморски дрон Магура В3, грчките власти го опишаа како Магура В5. Дронот е откриен во пештера, откако го забележале локални рибали, пренесува грчки „Екатимерини“.
Првите детали покажуваат дека дронот содржел детонатори, но не и експлозив, а истрагата на грчките власти продолжува.
