Жичницата на Водно нема да биде пуштена во употреба во текот на летниот период, откако техничките проверки покажале сериозни неисправности што можат да ја загрозат безбедноста на патниците.
Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во изминатите 15 години не бил извршен комплетен сервис од страна на производителот „Допелмаер“. При последните контроли биле забележани оштетувања на одредени компоненти, како и сензори кои не функционирале правилно.
„Постои опасност од сериозен инцидент, вклучително и можност за откачување на гондола“, посочи Ѓорѓиевски.
Во моментов, од ЈСП „Скопје“ очекуваат официјална понуда од австриската компанија за целосна реконструкција и санација на системот.
Веста ја пренесува Skopjeinfo.mk
