Фото: Принтскрин
Шпанскиот државен секретар за здравство, Хавиер Падиља потврди дека постои сомнителен случај на хантавирус кај жена од Аликанте, која пријавила дека има кашлица. Таа патувала со авион во кој накратко се качила патничка од бродот „МВ Хондиус“, која подоцна починала.
Таа била во краток контакт со патничката од бродот, односно седела два редови зад неа. Жената е префрлена во болница во Аликанте, каде што ќе остане во изолација.
Шпанија во моментов е во координација со 22 земји за останатите патници. Светската здравствена организација (СЗО) потврди пет случаи на зараза и три сомнителни случаи.
