Фото: Сојуз на математичари на Македонија - СММ
Македонските натпреварувачи остварија голем успех на 43. Балканска математичка олимпијада (БМО) која годинава се одржува во Солун, Грција.
Младите математичари освоија еден златен и два бронзени медали за Македонија во конкуренција на 148 натпреварувачи.
Дамјан Давков освои златен медал, додека Андреј Тасиќ и Ивано Божиновски освоија бронзени медали.
