Фото: Nikola Piskacev
Ученик објави список со соученици на „Тик-Ток“ и се заканил дека ќе ги ликвидира, а веста ја објави „4news.mk“, по што информација објави и директорот на училиштето преку социјалните мрежи, Никола Пискачев.
„Во врска со настанот поврзан со ученик од нашето училиште кој преку социјалните мрежи објавувал недолични и заканувачки пораки за неговите соученици и нивните родители, како транспарентно училиште, Ве информираме дека училиштето веднаш постапи согласно своите законски надлежности и обврски.
Иако содржините не биле објавувани во рамките на училиштето, ниту за време на наставниот процес во училиштето, по добиената претставка од група родители до ДПИ, училиштето без одлагање ги извести надлежните институции – Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјални работи и подрачното одделение за образование на општина Битола, со цел случајот целосно да се испита и понатаму институционално да се постапува по истиот.
Во рамките на нашите надлежности, училиштето презеде соодветни мерки за заштита и поддршка на учениците, како и активности за смирување на состојбата и обезбедување безбедна и сигурна средина за сите ученици и вработени.
Апелираме до јавноста за воздржаност од ширење на непроверени информации и за почитување на приватноста и достоинството на сите инволвирани лица, особено имајќи предвид дека станува збор за малолетници.
Безбедноста и благосостојбата на учениците останува наш највисок приоритет и училиштето ќе продолжи да соработува со надлежните институции до целосно разрешување на случајот“, објави директорот.
Повеќе детали, исто така, може да прочитате на „4news.mk“.
