Фото: Принтскрин
Денеска во Кривичниот суд му беше изречена казна затвор од 12 години на Стојанче Јовановски, кој беше обвинет за трагедијата на 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска падна од балкон заедно со ќерката Катја.
Јовановски е осуден за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурност и наведување на самоубиство.
Обвинителството побара Стојанче да остане во притвор до правосилноста на пресудата, а Судот го прифати барањето.
