Ова е случај на врсничко насилство во Штип од пред неколку месеци, кој повторно ја отвора дилемата колку сериозно институциите го третираат овој проблем. За кривичното дело „Насилство врз дете“, обвинителството предложило воспитна мерка „засилен надзор од страна на Центарот за социјални работи“, но судот оценил дека тоа е престрога мерка и одлучил да изрече „засилен надзор од страна на родител“.
Во моментов, предметот се наоѓа во жалбена постапка. Во однос на делото „Запуштање и малтретирање на дете“, кривичните пријави првично биле отфрлени, но по поднесена жалба, случајот е вратен на повторно разгледување. Суштината е во односот на институциите кон врсничкото насилство — проблем што очигледно сè уште не се третира со потребната сериозност.
Сликата потсетува на долгогодишниот однос кон семејното насилство, каде реакциите најчесто доаѓаат дури по трагични последици. Изгледа дека системот повторно ќе чека да се случи трагедија од размерите на „Рибникар“ во Србија, за конечно да почне навремено и одговорно да реагира.
Веста ја пренесува Маја Ристова.
Видеото може да го погледнете тука!
